Loading Video...
Ф1
12. May 2018 - 18:06

Пол-позиција за Хамилтон на шпанското Гранд-при

 
 
 
Британецот Луси Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на шпанското Гранд-при
 
Возачот на Мерцедес оствари најбрзо време на денешните квалификации возени на патеката Каталуња крај Барселона каде утре ќе се одржи петтата трка во Формула 1 шампионатот. 
 
Зад актуелниот шампион Хамилтон, од второто стартно место ќе тргне неговиот клупскиот колега Валтери Ботас, додека по нив од вториот ред ќе стартуваат возачите на ферари Себастијан Фетел и Кими Раиконен.
 
Трката за ГН на Шпанија се вози утре (недела) од 15.10 часот.