Македонија
29. January 2021 - 17:19

Покрената постапка за оценување на уставноста на законот за попис

Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на тукушто донесениот Закон за попис. Од партијата сметаат дека законот е спорен по 4 основи. Според нив, проблематично е што пописот се одржува во време на епидемија, донесен е со злоупотреба на европското знаменце и го повредува правото за заштита на лични податоци овозможувајќи да бидат давани податоци за лица кои во моментот не се таму. 

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека попис треба да има но не фалсификат каков што велат дека спремаат Заев и СДСМ. Од партијата велат дека пописот наместо статистичка станал политичка операција. 

“Власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.

Ова само гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата најавуваат старт на процедурата за собирање на потписи кои треба да иницираат закон за поништување на законот за попис.