Свет
25. October 2019 - 11:22

Покрената кривична постапка за потеклото на истрагата за Трамп и Русите

Министерството за правда на САД досегашната „проверка“ за потеклото на истрагата за мешање на Русија во изборите во САД ја претвори во кривична.

Министерството за правда досега водеше „административна проверка“ за потеклото на истрагата на специјалниот обвинител на САД Роберт Милер за руско мешање во изборите во 2016 година, за време на која Милер го потврди мешањето, но не го докажа постоењето на заговор за тоа од страна на претседателот Доналд Трамп и Русите.

Меѓутоа, сега кога „проверката“ за потеклото на таа истрага стана кривична, можно е истрагата да биде насочена против опозициските демократи и други кои го обвинуваат Трамп и неговите соработници за договор со Русите.

Не е познато кои кривични дела се истражуваат, но бидејќи досега е формирана кривична истрага, обвинителите имаат целосни овластувања.

Трамп веќе се соочува со политичка процедура за пров