-->
-->
Покрената истрага против тројцата сопственици на ноќниот клуб во Букурешт
-->
Романското Обвинителство покрена истрагата против тројцата сопственици на ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, под обвинение за убиство без предумисла и предизвикување на телесни повреди.
Тројцата сопственици на ноќниот клуб денеска дадоа изјава за пожарот што изби во петокот во „Колектив“ при што загинаа 30 лица, а 180 се повредени. Околу 90 лица се уште се во болница во тешка или критична состојба.
Сведоците посочија дека искра од пиротехничкото шоу на хеви метал групата го запалила декорот на сцената, а ноќниот клуб имал само еден излез.
Специјалисти од Израел и од Франција денеска пристигнаа во Романија за да помогнат во лекувањето на настраданите во пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност