Балкан
2. November 2015 - 16:13

Покрената истрага против тројцата сопственици на ноќниот клуб во Букурешт

Романското Обвинителство покрена истрагата против тројцата сопственици на ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт, под обвинение за убиство без предумисла и предизвикување на телесни повреди.

Тројцата сопственици на ноќниот клуб денеска дадоа изјава за пожарот што изби во петокот во  „Колектив“ при што загинаа 30 лица, а 180 се повредени. Околу 90 лица се уште се во болница во тешка или критична состојба.

Сведоците посочија дека искра од пиротехничкото шоу на хеви метал групата го запалила декорот на сцената, а ноќниот клуб имал само еден излез.

Специјалисти од Израел и од Франција денеска пристигнаа во Романија за да помогнат во лекувањето на настраданите во пожарот.