Бизнис
9. September 2015 - 20:47

Покрај млекото, и месото ќе може да се извезува на рускиот пазар

Македонски производи од месо ќе се продаваат на рускиот пазар. Домашните компании добија зелено светло од руските инспекторски служби за увоз на храна. Од министерството за земјоделство велат дека извозот на производи од месо, сега ќе зависи само од цената на производителите.

Вкупно 15 македонски компании имаат дозвола за извоз на евро-азискиот пазар. Строгите руски критериуми до сега ги исполниле четири, останатите компании имаат рок од два месеца да ги спроведат правилата за безбедност на храната.

Можноста за извоз на азискиот континент ќе отвори и нови работни места, сметаат во македонско-руската стопанска комора.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека од неодамна е творен европскиот пазар и за сите производи од говедско месо кои потекнуваат од Македонија. До крајот на годината се очекува и дозвола за извоз на производи од риба.