Фудбал
31. October 2015 - 8:18

Погрешна одлука на Симеоне и само бод за Атлетико

Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња и Атлетико Мадрид одиграа без победник (1:1) во првиот натпревар од десеттото коло во шпанската Примера. Атлетико кој беше фаворит пред овој меч, победата ја испушти во финишот на натпреварот.
 
Екипата на Диего Симеоне одигра добро прво полувреме во кое целосно ја контролираше играта и не му допушти на ривалот да се доближи до голот на Облак.
 
Во првите 25 минути Џексон Мартинез пропушти две две солидни шанси, а Атлетико до предност стигна во 34.минута кога Тијаго со полуволеј од 17 метри ја погоди мрежата на домаќинот.
 
Депортиво заигра подобро во второто полувреме, најмногу поради одлуката на Симеоне да ја чува минималната предност.
 
Во 77.минута катастрофална грешка направи Хименез, која ја казни Лукас Перез кој го израмни резултатот. До крајот на мечот Депортиво можеше да го освои целиот пелн но ударот на Фахр во 83.минута заврши во гредата.
 
Атлетико на „Риазор“ ја пропушти шансата барем на 24 часа да се искачи на лидерската позиција на табелата. ‘Јорганџиите’ и останаа на третото место, додека Депортиво е три позиции подолу.
 
Примера, 10.коло:
 
Сабота: Реал-Лас Палмас, Виљареал-Севилја, Валенсија-Леванте, Хетафе-Барселона, Реал Сосиедад-Селта
 
Недела: Еибар-Рајо Ваљекано, Еспањол-гранада, Спортинг-Малага, Бетис-Атлетик Билабо.