Живот
20. February 2019 - 11:01

Погребот закажан за петок, Шабан ќе почива покрај познат актер

Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во петок во Алеата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград. Пејачот ќе почива покрај Небојша Глоговац, кој почина пред точно една година.

Иако кралот на народната музика бил роден во муслиманско семејство, нема да биде погребан според муслиманските обичаи и ќе има само граѓански закоп без ниту едно свештено лице.

Комеморацијата, пак, ќе биде исто така во петок, неколку часа пред погребот.