Погребник од Гостивар обвинува дека починати од Ковид-19 се преземаат без почитување на прописите
Сопственик на погребно претпријатие од Гостивар се пожали дека неодговорни поединци во гостиварската болница и погребници грубо ги кршат прописите за преземање на телата на лица кои починале од последици на Ковид-19. Тој се сомнева дека во целата работа има корупција и премолчена согласност на некои џамиски одбори кои се задолжени за погребување.
Лирим Кадриу, сопственик на погребното претпријатие „Ахирет“ кое меѓу останатите услуги организира транспорт и погреб на лица починати од последици предизвикани од корона вирусот, е револтиран и бара од надлежните институции да го истражат случајот.
– Не може туку така да влезе ако за тоа нема поддршка од внатре, од некој од вработени во болницата. Таму некој ќе стави во џеб петстотини или илјада денари и ќе ја отвори вратата. Ова не може да биде ништо освен крадење на мртовец. Освен што ги кршат процедурите, ни прават директна штета. Ние кои работиме со лиценца, со посебни заштитни мерки мора да чекаме со часови, а некој ноќе ќе дојде и ќе го земе покојникот. Најопасно е тоа што се дозволува, со телата на заразените да ракуваат лица кои за тоа немаат дозвола, ниту смеат да го прават тоа. На таков начин ја шират и заразата. Само минатата недела, на ваков начин најмалку шест тела се изнесени и погребани, вели Кадриу.
Тој посочува дека, починатите од болничката капела може да изнесат откако ќе се исполнат формулари кои се дел од процедурите опфатени со закон. Од почетокот на пандемијата, особено е важно погребувањето на починати од Ковид-19 да се одвива според протоколи. Ова го знаат сите, вели тој, а за непочитување на прописите знаат и молчат од надлежните служби и џамиските одбори.
Од општата болница „Ферид Мурад“ не ги коментираат наводите на погребникот, а реакција нема ниту од локалното муфтиство.
Проблеми со нарушување на правилата за погребување се појавија и летово. Јавноста беше шокирана кога во близина на градските гробишта и локалната депонија се појавија погребни ковчези. Кој и зошто ги расфрлал сè уште не се знае.
Ново на Сител
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија