Балкан
5. October 2016 - 23:38

Погребани жртвите од сообраќајката: Заедно заминаа, заедно нека почиваат!

Оливера Станојевиќ (21) ја изгуби битката за живот и им подлегна на повредите во белградскиот Ургентен центар во вторникот рано наутро, на денот кога во Братунац беа погребани нејзините родители Радивој и Нада Ѓокановиќ, братот Петар и деветмесечната ќерка Елена. Девојката чие семејство во понеделникот загина во сообраќајка кај Лозница, лекарите не можеа да ја спасат по тешките скршеници и повреди на главата.

Во Братунац денеска беа погребани четворицата на градските гробишта, по желба на семејството, зошто  - „заедно заминаа, заедно и нека почиваат“. Веста за смртта на Оља ги скрши нивните најмили. Од понеделникот Ѓокановиќ и Стојановиќ се молеа за неа, но и таа замина кон својот ангел, родителите и братот.

При враќање од свадба во Нова Пазова, Радивој, Нада и Петар Ѓокановиќ заедно со Оливера и бебето Елена доживеале сообраќајка на заобиколниот кат кај Лозница, кога со голфот се пикнаа под камион кој одел од спротивниот правец. Според последните неофицијални инфорамции, на Радивој му се слошило и поминал на спротивната лента, На самото место загинале четворицата, додека Оливера е префрлена во Лозиница, од таму во Белград каде починала.

-И беа скршени нозете, извадена слезината, а најмногу повреди имаше на главата. Мојот син не знае за себе и само се молам Оливера да преживее. Не знам како Милош ќе може да продолжи, се плашам за него. Пред помалку од година дена правеа свадба овде со 500 гости. Само што основаа семејство, рече свекорот на несреќната девојка ден пред да почине.

Ѓокановиќи сите ги знаеле како домаќинска куќа и прекрасни луѓе. Во Саса кај Братунац се доселиле околу 2000 година. И Радивој и Нада работеле во блискиот рудник. Оља се омажила во соседното Красан Поље, додека Петар завршил средно училиште. Милица, нивното средно дете студира медицина во Фоча. Кобниот ден таа со автобус заминала во Чачак кај другарка.

Местото на несреќата

Куќата и останува на Милица...

Милица не се враќала со нив, туку тргнала кај другарската. Во автобусот за Чачак дознала од интернет за несреќата. Остана сама, а сега сите ние мора да бидеме тука за неа. Ова е голема несреќа, куќата да се угаси. Што лошо направиле тие? Нашиот Петар...Срце ми се стега кога ги гледам неговите другари како плачат. А пак нешето бебенце. Боже чувај не, едвај зборуваат роднините.