Балкан
24. February 2016 - 11:50

Погребани сопружниците кои оставија три сирачиња

Трагичната смрт на сопружниците Марија Агатоновиќ (23) и Славиша Васиќ (30) од Јагодина, кои загинаа во сообраќајна несреќа на патот Крагуевац - јагодина, зави во црно две семејства, но и две села - Ракитово и Шуљковац.

сопружниците се погребани во семејната гробница во Ракитово, а непрегледната тажна поворка од двете села болно лелекаше над тажната судбина и изгубените два млади животи.

-Мајо, Славиша, зошто ме оставивте сама, тажно лелекаше мајката на Славиша, Влајинка.

Прашањето за растењето и иднината на трите малолетни деца Анастасија (5), Ненад (3) и 14-месечниот Немања, кои останаа без родителите Маја и Славиша, во овој момент ги загрижува двете семејства.

-Влајинка сака да ги чува и ние ќе и помогнеме, зошто станува збор за три малечки деца. Важно децата да не ги раздвојуваат. Ќе им помогне целото семејство, важно е децата да знаат дека не се сами, раскажува Радован, вујко на покојниот Славиша.