Балкан
8. September 2016 - 21:48

Погребан малечкиот Сејдо: Го нема мојот внук, кому сега да му купувам бонбони и играчки

Десетгодишниот Сејдо Малиќевиќ, кој на 2. септември се удави во Нишава, вчера е погребан во присуство на стотина свои роднини, пријатели соседи.

На последното испраќање дојдоа и наставниви од ОУ Вук Караџиќ каде малечкиот требало да оди во петто одделение. Во името на наставниците и школските другари, со Сејдо се прости учителката Вукица Миладиновиќ која го подучувала во последните 4 години.

Клупата остана празна

-Страшната вест за твојата смрт не погоди сите нас и твоите другари. Беше весело дете, сите сме тажни што твојата клупа сега е празна. Почивај во мир на крилјата на ангелите, со овие зборови од трагично настраданото момче се прости неговата учителка.

Во погребната поворка немаше ученици од неговото одделение зошто уличиштето сакаше да ги поштеди од дополнителниот стрес, со оглед на тоа дека веста за давањето на Сејдо сите ги погоди.

Таткото на Сејдо, Мишо го гушкаше ковчегот на синот и ја милуваше неговата слика, а мајката Дијана, онемена од болка, не можеше да стои на нозе кога ја изнесоа од куќата.

-Останав без се што имав, ти беше мое богатство, лелекаше неговата баба Деса.

Непосредно пред да биде положено неговата тело во гробот, тие се клањаа.

Дедото на Сејдо и натаму не може да се помири со смртта на момчето.

-Толку е страшно тоа што се случи и уште не можам да верувам дека мојот Сејдо го нема. Сега се прашувам за кого работев, за кого создавав, кога мојот внук го нема, кому да му купувам слатки, играчки и книги.

Паднал во река

-Тој многу ме сакаше и јас него, заедно дојдовме до пазарот тој ден кога исчезна. Сакав да му пружам убав живот, за ништо да не се грижи, а сега го поребувам. Се надевав дека тој ќе се грижи за мене на старост и дека тој мене ќе ме погребе, а еве што дочекав, дете да закопувам, кукаше стариот Сејдо. 

Досегашната истрага покажа дека детето се удавило.