Бизнис
13. јуни 2017 - 19:39

Поголеми плати за поголем економски раст, а зголемувањето на минималната плата ќе биде прв чекор во тој правец, вели Тевдовски

Со поголеми плати до повисок економски раст. Главна цел на новата Влада ќе биде прво да се зголеми минималната  плата на 12 илјади денари, што би претстваувало еден стумуил и за останатите индустрии да го следат трендот и да   ги покачат платите на  вработениte. Ако стартот на година почна со нула  % раст, Тевдовски е оптимист дека крајот сепак, ќе биде добар

Од една страна се трошок за фирмите, но од друга страна се и потрошувачка во економијата и ќе биде добро за фирмите. Затоа  една од првите серија мерки за постигнување на тоа е минималната плата, која ќе прави притисок платите да растат, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии

За поголем економски раст на земјите од Балканот  експертите препорачуваат  - владите прво да се насочат кон пазарот на труд, односно да понудат активни мерки и политики со кои би се намалила невработеноста.  Процент, кој се уште е висок, во споредба со земјите од  Унијата.

Имате 3 пати погоелма стапка на невработеноста кај високообразовниот кадар во земјите на Балканатот, отколку во зем,те од Унијата. И затоа младите по зaвршување на факултетот си заминуваат надвор, изјави Милица Увалиќ, универзитетски професор

Потребно е креирање политики од кои корист  ќе имаат сите граѓани, а не само поедници

Мнозинството не смее да одлучува само за политиките кои одговараат на мнозинството, туку треба да одлучуваат за доброто на сите граѓани во Македонија. Тоа единствено може да се направи со вклучување на експертската фела, граѓанското општество и сите индивидуи кои може да придонесат кон таа инклузивност, рече Милан Живковиќ, Фридрих Еберт.

Економските политики кои се спроведуваат во земјите од Западен Балкан се краткорочни, што е погрешно -  констатирале експертите. Државите треба да се  фокусираат на  оние индустриите  кои најмногу влијаат врз растот, за подобрување на  бизнис клима која ќе привлече повеќе инвестиции, кои ќе донесат подобар  жиивотен стандард и повисоки стапки на раст.