Македонија
28. September 2017 - 16:41

Поголема вклученост за лицата со попреченост во политичкиот живот

Граѓаните со попреченост бараат поголемо вклучување во политичкиот и јавниот живот во државата.

Тие денска во Собранието разговараа со пратениците на тема како да се постигне оваа цел.
Елена Кочоска од  Движење против хендикеп-Полио Плус, ги поздрави  залагањата  на интерпартиската парламентарна лоби група да го актуелизира ова прашање.

Токму во периодот на предизборната кампања,  мисијата на ОБСЕ  препорачува услогласување на изборнито законик со конвенцијата на лицата  со попреченост, квотен систем за нивно вклучување во политичкиот и јавен живот , поставување надворешен експерт во ДИК кој би бил лице со посебни потреби и други мерки за да нема  дискриминација.

Домаќинот на работилницата талат Џафери, порача дека лицата со поосебни потреби имаат право на избор, но и да бидат избирани и политички ангажирани.