Поголема пристапност за лицата со попреченост во Театар комедија
Театар комедија во соработка со здружението „Полио плус“ за новата театарска сезона обезбеди поголема пристапност за лицата во ортопедски колички и со потешкотии во движењето.
Вчеравечер, симболично, беше изведена претпремиера на романтичната комедија „Дони Дарк“ - приказна за млад човек со оштетен вид и неговото осамостојување од семејството, со сите проблеми кои тоа ги носи. Премиерата е закажана за вечер, а првата реприза за 29 септември.
Оригиналниот текст е на американскиот писател Леонард Герш, а режијата на Роберт Ристов, кому ова му е магистерски труд. Насловниот лик во претставата го толкува Даријан Петров, а во другите улоги настапуваат: Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, кој е нов член на Театар комедија и негов уметнички директор.
Првпат за оваа претстава во Театар Комедија ќе има и титл на текстот за глувонемите лица, а со жолти ленти ќе бидат обележани холовите за лицата со оштетен вид непречено да дојдат до малата сцена - нов сценски простор за седумдесет гледачи, каде што ќе биде изведена претставата.
За луѓе со хендикеп се приспособени и шалтерите на билетарницата како и шкафови од гардеробите, На големата сцена, пак, ќе бидат извадени неколку седишта за да се направи простор за инвалидски колички.
По добиените стручни совети и по преземените активности од страна на Театар комедија, тимот на „Полио плус“ го обележа објектот како достапен за лицата со попреченост.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО