Бизнис
18. March 2021 - 16:34

Поголема поддршка за извозните компании ќе значи помош за домашната економија

Извозните компании се спасот на економијата после пандемијата. Да се намалат увозните давачки и да се обезбедат долгорочни поволни кредити се некои од мерките кои ги предлагаат експертите. Истражувањето на Фајненс тинк покажува дека до 25 отсто ќе се зголемат инвестициите ако се намалат царините.

-Со КОВИД-19 се нарушија синџирите на добавување и голем дел од домашните компании беа соочени со проблем од каде да ги набават ресурсите и инпутите. Тоа ја извлече на површина многу малата соработка меѓу странските инвеститори и нашите компании. Во следниот период мора да се јакнат тие врски меѓу нив, а на тој начин да се интензивира и потенцијалот за производство на инпути и репромтеријали во земјата, истакна извршната директорка.

Недостигот од стручен кадар останува проблем не само за извозните фирми туку и за целиот бизнис сектор. Државата треба да помогне овие фирми да се прошират на други пазари.

Половина од вкупниот извоз го генерираат компаниите од зоните. Бројките потврдуваат дека извозните компании бргу заздравуваат од кризата. Во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, извозот од зоните се зголемил за 17%.