Македонија
12. February 2021 - 12:32

Поголема независност на општините – Подобри услуги за граѓаните

Јакнење на финансиската стабилност и самостојност на општините, пристап на сите граѓани до подобри јавни услуги, подобрување на транспарентноста и отчетноста на локално ниво се вградени во новата Програма на Владата за локалната самоуправа и рамномерен регионален развој. На конференцијата „Децентрализација 2.0, Ефективни механизми за граѓанско учество“, која се одржа во Штип, а се пренесуваше преку zoom платформата, учествуваа експерти,

градоначалници и претставници на граѓански организации.

Целта на децентрализацијата е практично да дадеме поголема власт на локалната самоуправа. Контролата на градоначалниците треба да се прави со локална децентрализација, односно, развластување на градоначалникот и давање повеќе ингеренции на Советот, но и на месните заедници. Значи, градоначалникот да не е локален султан, туку сите оние функции што ги

има да ги сподели со останатите органи, како би бил по транспарентен и по одговорен - изјави Горан Милевски, министер за локална самоуправа.

Фискалната децентрализација ќе ја спроведува Министерството за финансии, но Милевски смета дека во оние општини каде ќе се утврдат неправилности во работењето мора да бидат санкционирани.

Да им се изречат некои дисциплински мерки, за да биде лекција за сите останати дека мора да водат одговорна политика. Доколку нема санкции може тоа да се прошири како вирус- додаде Милевски.

Механизмот за граѓанско учество е имплементиран во 8 пилот општини и покажал солидни резултати, зашто користи локални ресурси и експертиза.

Општините најповеќе биле заинтересирани за формирање советодавни тела кои ќе работат на урбанизам и просторно планирање, но и на екологија и туризам.