Македонија
10. December 2015 - 19:57

Поголема капитација за матичните стоматолози од Нова Година

Приватните стоматолози ќе добиваат повеќе пари од државата, а специјалистите од Стоматолошки клинички центар поголема плата. Од нова година Фондот за здравство ќе ја зголеми капитацијата од 35 на 40 денари по пациент. Средствата се обезбедени од фондовската каса.

-Ова е мерка која очекуваме да биде дополнителен поттик за младите доктори кои допрва ја почнуваат професионалната кариера, почнуваат да работат со пациенти, се соочуваат со неизвесности, а пред сè се соочуваат со професионални предизвици.Станува збор за 963 приватни здравствени установи од областа на стоматологија, односно вкупно 1146 тимови кои ја вршат оваа дејност, и кои ќе имаат директен бенефит од оваа мерка, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

-Пример ако еден стоматолог има 2000 пациенти ќе добива месечно 70.000 денари, изјави Сашо Стефаноски, директор на ФЗОМ

Од 1 јануари 20 проценти поголема плата ќе добиваат и специјалистите од Стоматолошкиот клинички центар.

-Со тоа ќе се изедначат со колегите  специјалисти од останатите специјланости, изјави Орхан Рамадани, директор на ФЗОМ.

Инаку капитациониот бод на матичните стоматолози не е зголемен повеќе од 7 години.