Македонија
3. January 2019 - 17:30

Поголем дел од земјата денеска под снежна покривка

Забраната за тешки товарни возила се уште е на сила на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар- Кичево и превојот Стража. Отсечени и завеани села нема. Поради одрони движењето е отежнато на планинскиот превој Ѓавато и задолжителна е зимска опрема. Возачите да внимаваат, патиштата низ целата територија се влажни а на места каде има клисури можна е и појава на одрони.

Врнежите од снег ќе продолжат и во текот на вечерта и утрешниот ден. Македонија ја зафати студен бран со северен ветер. Од сабота температурите ќе паднат до минус 15 степени. За Божиќ ќе биде студено но без врнежи од снег.

Граѓаните да се јават на 195 доколку бидат погодени од снежно невреме, проблеми на патиштата, прекини во електричната енергија.