Балкан
22. јуни 2016 - 8:59

Погледнете што крие бункерот на Тито вреден 6 милијарди долари

Шпиунска соба, црвени телефони, болница, конференциски сали - тоа е само дел од Титовиот бункер во Коњиц. Објектот е граден цели 26 години, од 1953. до 1979., а се работи за една од најдобро чуваните тајни во поранешна Југославија.

Работниците кои го граделе никогаш не смееле да ја завршат работата, не знаеле на што конкретно работат, а кога ги носеле на работа очите им биле врзани. Самата изградба чинела тогашни 4,5 милијарди, односно денешни 6 милијарди долари.

Бункерот бил наменет за Тито и неговите 350 најблиски соработници, а граден е за случај на атомска војна, а самата атомска скривница може да издржи нуклеарен удар со јачина од 20 килотони.

Погледнете: