Македонија
29. October 2016 - 12:27

Погледнете што и направи свекорот на Рада Манојловиќ

Нетрпеливоста меѓу пејачката Рада Манојловиќ и таткото на нејзиното момече Харис Берковиќ, Мирсат, по се изгледа и понатаму трае. Имено, нејзиниот свекор на снимањето на емсијата „Неки нови клинци“ не се ни поздрави со неа. Мирсад седеше на масата покрај својот син во просторијата каде што се собираат пејачите пред снимањето на емисијата.
 
На истата маса седеа и Топалко, Драган Бајиќ Баја, Ана Шевиќ, Милан Митровиќ, Александра Пријовиќ, Филип Живојиновиќ...
 
Набрзо пристигна и Рада, која љубезно се јави на новинарите, а потоа се упати кон масата. Меѓутоа, откако таткото на Харис ја виде, стана ја зема јакната и тргна во нејзин правец. Таман кога сите мислеа дека свекорот и снаата ќе се поздрават како што доликува, ништо од тоа немаше. Манојловиќ се гушна со Топалко и Баја, а свекорот не го ни погледна. А ни тоа неа уствари. Тие се разминаа без ниту еден збор.
 
Непријатната сцена проба да ја смири синот на Лепа Брена, Филип, кој со шала сакаше да одбрани постапката на Рада.
 
„Само јас и Рајка разбираме што е љубов. Ние не гледаме ништо затоа што сме многу заљубени“, кажа Филип и стана да се поздрави со Рада.
 
Рада седна до своето момче кое и го отстапи неговиот татко и се смешкаше како се да е во ред, додека Мирсад седна на другата страна на масата.