Џет-Сет
7. October 2015 - 10:41

Погледнете кој се појави во новиот спот на Калиопи,

Во новиот спот на нашата дива Калиопи, се појавува и Ромео Грил по долги години, поранешниот сопруг на Калиопи и нејзин долгогодишен соработник. Тој е комплетен автор на песната „Јутро“, која сега за сега има само српска верзија. Песната „Јутро“ е веќе трета нова песна која Калиопи ја издава годинава, секоја повторно во соработка со Ромео, и сето тоа навестува дека албумот е многу блиску.