Македонија
14. September 2016 - 21:12

Погледнете какво време не очекува до крајот на неделава

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. УВ-индексот ќе изнесува 6, а температурата ќе се движи од 20 до 32 степени.
 
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе достигне до 30 степени.
 
За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален дожд, а тие во сабота ќе бидат проследени со појава на грмежи претежно во планинските делови.