Македонија
17. August 2015 - 17:54

Погледнете какво време ќе преовладува во наредните денови

ВРЕМЕТО УТРЕ: Во поголем дел од земјата ќе биде сончево, а во северните делови и на планините попладнето ќе има појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 26 до 34 степени, УВ=8.

СКОПЈЕ УТРЕ: Сончево со мала до умерена локална облачност и слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 32 степена.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Во среда ќе биде претежно стабилно, но од четврток поради продор на постуден воздух од север температурите ќе бидат во опаѓање, а во попладневните часови ќе има и локален дожд со ретки грмежи.