Џет-Сет
12. September 2016 - 13:19

Погледнете како изгледаше сопругата на Ѓоковиќ пред да се омажи

Еден од најпознатите парови во регионот се Новак и Јелена Ѓоковиќ. Нивната љубовна приказна ја следи целиот свет, но не само поради тоа што Новак е најдобриот тенисер на светот, туку и затоа што неговата сопруга стана миленичка на јавноста.
 
Нејзиниот заштитен знак е долгата руса коса и бисерно белите заби, но пред осум години таа изгледала малку поинаку.
 
Јелена е фотографирана на една гала вечер во Монте Карло покрај својот сакан. Таа тогаш имала покуса природно кафена коса, а била и послаба од денес.