Живот
16. March 2017 - 21:27

Погледнете како изгледа денес сонцето бебе од „Телетабиси“

Легендарната детска телевизиска емисија на ББЦ на крајот на овој месец слави 20 години од почетокот на емисијата, а еве како изгледа денес „сонцето бебе“.

Џесика Смит е името на легендарното бебе кое се појави како сонце во „Телетабиси“. Имала само девет месеци кога ја откриле продуцентите на емисијата, а денес има 21 година и се бави со танц. До 19 години успешно го криела својот идентитет, а едена од причините за откривање било тоа што многу лажни луѓе се претставувале како сонцето. За својата улога добила 250 фунти и кутија играчки.

Џесика открила како ја добила работата, но  како одличила јавно да објави дека токму таа на сонцето.

- По прославата на својот 19 роденден и долго размислување одлучив на сите да им кажам. предходно ја криев вистината, но моите пријатели од факултетот ме охрабрија да објавам дека всушност јас сум сонцето од „Телетабиси“, изјавила Џесика.

Работата случајно ја добила откако продуцентот отишол во болницата во која боледувала, а тој од болничките лица побарал да му кажат коее најнасмеано бебе. Ете, насмевката во животот секогаш носи радост...