Живот
2. February 2017 - 18:17

Погледнете како ги казнуваат оние кои имаат вонбрачен секс

Британските медиуми објавија фотографии од индонезиската провинција Ацех на кои е прикажано казнување на маж и жена со јавно камшикување поради вонбрачни сексуални односи. Дејли Меил наведува дека станува збор за шеријатска казна, откако било утврдено дека тие двајца имале вонбрачен однос кој е забранет таму. И двајцата добиле по 26 удари со камшик по грбот, а според тврдењата на сведоците, казната ја поднеле со солзи. Индонезија е најмногубројна муслиманска земја, а шеријатските правила се прменуваат во сите поголеми локални провинции.

2.2.indonezija-kazna-vonbracen-seks3