Живот
4. March 2016 - 16:36

Погледнете како е кога ќе ве погоди куршум со брзина од 1.500 километри на час

Сите сме гледале холивудски филмови во кои јунакот е застрелан повеќе пати, но тој и понатаму се бори со 20 негативци, бега од експлозии и ја спасува девојката. Колку е тоа навистина блиску до вистината?
Во експериментот на емисијата на Би Би Си „Brit Lab“ покажаа како е кога навистина ќе ве погоди куршум со брзина од 1.500 километри на час.
 
Можеме да тврдиме само едно - неверојатно боли. Како што покажува и самото видео, куршумот не поминува чисто низ телото како нож низ путер, токму спротивното. Повредата која ја остава зад себе е во најмала рака шокантна.
 
Како што можете да видите, влезната рана е мала, но во внатрешноста на телото штетата е толку голема, па се прашуваме - како е тоа воошто можно да се преживее?