Живот
27. April 2017 - 15:56

Погледнете како денес изгледа девојката од филмот кој го шокираше регионот

Исидора Симијоновиќ имала само 14 години кога глумела во српскиот филм "Клип" кој во изобилство има нецензурирани и експлицитни секс сцени, и кој низ многу мачни секвенци го прикажува мрачниот и несреќен живот на младитe.

Филмот предизвика контроверзии ширум Европа, а посебно во соседна Србија. Повеќе пати е наградуван, а режисерката Маја Милош на почетокот од филмот истакна дека ниту еден малoлетник не учествувал во секс сцените.

Како и да е, Исидора овој филм ја прослави но таа не се експонира во јавноста.

Денес можете да ја видите во белградскиот театар, каде игра во "Сомнително лице".