Живот
9. December 2017 - 20:57

Погледнете ја снимката која расплака милиони луѓе!

Фотографот Пол Никлен снимил трогателно видео на канадскиот Бафинов остров.

Поранешниот биолог видел над 3 илјади мечки во дивината, но оваа, како што изјавил тој, никогаш нема да ја заборави.

 

“Стоевме таму и плачевме, снимавме додека солзи нѝ се тркалаа по образите”, рекол Никлен.

Хранењето на поларните мечки во Канада е нелегално, но и да се случело тоа, односно екипата на Никлен да била во можност да ја нахрани прегладнетата мечка, тоа би било само одлагање на неизбежното.

„Секако дека тоа ми падна на памет, но за жал, ние со себе не носиме 150 килограми месо. Немавме ни со што да ја обележиме со цел да можеме да ја следиме”, раскажал фотографот.

 

Објавеното видео за кратко време собрало над еден милион прегледи. Луѓето останале шокирани од тажната глетка, а многумина се сложиле дека мечката би можела наскоро да умре.

-Вака изгледа бавната, болна смрт, напишал фотографот. Тој со оваа приказна сака да ја покрене темата за потешкотиите кои ги предизвикува глобалното затоплување.

Топењето на мразот поради климатските промени има директно влијание врз хранењето и преживувањето на поларните мечки. На нив им се потребни ледените плочи со цел да можат да дојдат до својата храна која се наоѓа под нив.