Погледнете ја најсексапилната медицинска сестра на Инстаграм - Таа маѓепсува со својот изглед
Американката Лорен Дрејн има неофицијална титула за најсексапилна медицинска сестра на Инстаграм. Нејзиниот профил го пратат 3,2 милиони следбеници. 30 годишната Лорен живее во Флорида, каде професионално работи како медицинска сестра.
Лорен е медицинска сестра на одделот за кардиологија во Флорида. Кариерата ја започнала на 16 години, а покрај нејзнинот главно занимање, Лорен работи и како личен фитнес тренер.
Таа вели дека знае да си го организира времето и поради тоа секогаш пронаоѓа термин за тренинг во теретана, а тоа може да се погледне и по нејзиното атрактивно тело. Вљубеник е во активниот начин на живот за кој вели дека е клучен за долготрајно здравје.
"Во својата кариера никогаш немам сретнато професионален спортист да доживее сериозна здравствена криза. Постои причина за тоа - активниот живот го намалува ризикот од болести и го зајакнува имунитетот.", вели Лорен.
Кога почувствувала умор и слабост, одлучила да преземе контрола врз својот живот. "Сакав да бидам здрава, згодна, силна, сигурна жена која активно ја стопира болеста наместо да ја лекува со таблети и сирупи", вели Лорен за Daily Mail.
Покрај тоа што објавува мотивирачки фотографии и видеа на Инстаграм, Лорен е активна и на својот блог каде го промовира здравиот начин на живот.
Ново на Сител
-
Високи средно дневни параметри на ПМ -10 и ПМ 2,5 честички во Велес
-
Донација од Чешка од 108.000 заштитни и 18.000 маски тип ffp2/n95 и 5.000 медицински скафандери
-
Видео средба Димитров-Клус: Словачка е една од најсилните поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ
-
Во последните седум дена инспекциските служби спровдоа 4.817 надзори и контроли, затворени пет угостителски објекти
-
Кривична за тетовец кој во сопствено комбе превезувал повеќе патници отколку што е дозволено
-
Силна експлозија во центарот на Мадрид, има починати лица
-
Српското МВР собра докази дека Вучиќ бил нелегално прислушкуван
-
72 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 1023 пациенти, починати се 13 лица