Технологија
30. August 2017 - 12:31

Погледнете ја машината која може да изгради куќа за само два дена

Сакате да изградите куќа, а немате многу време? Погледнете како го прави тоа оваа супер машина.

Неверојатна робот машина го воодушеви целиот свет, бидејќи ги поставува брзо и правилно циглите, па секој објект е готов за само неколку дена.

Оваа робот машина е наречена “HADRIAN X”, се одликува со висок квалитет и одлична автоматизација, а на социјалните мрежи веќе започнаа да пишуваат дека за изградба на куќа нема да бидат потребни мајстори.