Свет
31. December 2018 - 11:59

Погледнете го страшниот момент на паѓање на хеликоптер во ОАЕ

Спасувачки хеликоптер падна во Обединетите Арапски Емирати откако се закачи на кабел од жичарница, а сите четири члена на посадата загинаа.

Како што јави локалниот весник “National”, несреќата се случила во планините недалеку од градот Рас Ал Камаја, пренесуваат агенциите.

Директорот на цивилното воздухопловство на ОАЕ соопшти дека хеликоптерот “Agusta 139” бил на мисија кога се случила несреќата, околу 17.50 часот по локално време.

Шеикот Сауд бин Сакр Ал Касими, владетелот Рас ал Камаје, нареди темелна истрага за несреќата.