Фудбал
27. April 2017 - 12:27

Погледнете го пеналот на Барселона за кој зборува целиот свет само поради една причина

Барселона ја совлада Осасуна со 7-1 во 34. коло и го задржа прввото место на табелата, Реал Мадрид има исто бодови но една натпревар помалку.

После Ел Класико во кое славеше, Барселона беше убедлива на свој терен, а натпреварот освен фантастичниот Меси го одбележи и пеналот во 67. минута, и тоа поради изведувачот.

Во отсуство на Меси кој беше заменет, Иван Ракитиќ тргна да го изведува пеналот но сепак потоа препушти на Хавиер Маскерано.

Маскерано сигурно го изведе пеналот и така конечно по 319 натпревари почуствува како е да се затресе противничката мрежа. Изевдувањето на пеналот предизвика голем радост на клупата на Барселона каде беа Меси, Суарез, Иниеста...

Погледнете како изгледаше сето тоа: