Свет
12. October 2018 - 13:09

Погледнете го моментот кога настана хаос во „Сојуз“: Ракетата се одвои, астронаутите вешто избегнаа катастрофа

На космонаутите на Сојуз, Алексеј Овчинин и Ник Хејг, кои се приземјите по хаваријата при одвојување на првиот степен од ракетата, не им беше потребна никаква помош.

„Приземјувањето помина во најдобар ред“, изјави шефот на комитетот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи на Казахстан Владимир Бекер.

Спасувачките екипи ги собраа и ги префрлија на космодромот „Бајконур“. Инаку, се уште не е утврдено точното место на падот на првиот и вториот степен на ракетата „Сојуз“ која вчера требаше да ги префрли космонаутите на Меѓународната вселенска станица.

Исто така, казахстанските власти се уште не располагаат со информации кое количество керозин истекло при хаваријата на ракетата.

Објавени се и први снимки од космонаутите, а по се судејќи Алексеј Овчинин и Ник Хејг се добро.

Руските медиуми наведуваат дека системот за спасување „САС“ вторпат во историјата им ги спаси животите на космонаутите.

Станува збор за систем кој при хаварија ја одвојува капсулата во која се сместени космонаутите и потоа се приземјува со помош на падобран.