-->
-->
Погледнете до сега необјавени снимки: Вака изгледале застрашувачките нуклеарни тестови за време на Студената војна
-->
Националната библиотека во Ливермор, Калифорнија, објави збирка од 60 снимки на американски нуклеарни тестови, кои никогаш досега не биле видени.
Видеата ја покажуваат целата моќ на оружјето кое можело да го избрише светот во случај кога Студената војна би тргнала погрешно.
Тестовите се спроведени од 1945 до 1962 година во време кога САД и Советскиот Сојуз испробувале се повеќе и помоќни системи за нуклеарно оружје.
Физичарот Грег Спригс планира да ги анализира и дигитализира околу 10.000 клипови кои покажуваат околу 210 нуклеарни тестови.
"Јавноста има право да ги види овие снимки. Не само што ја зачуваме историјата, туку ќе добиеме многу подобри одговори на нашите прашања", рече тој.
Објавените снимки ги покажуваат тестови во пустината Невада и на островите на Пацификот, вклучувајќи ги и операциите Доминик, Харттрек, Редвинг и други.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра