Македонија
28. December 2017 - 16:35

Поглаварот на ИВЗ добитник на наградата од Трамп за животно дело

Поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман Реџепи денеска ја  доби наградата „За животно постигнување“, што ја доделува американскиот Претседател, Доналд Трамп.

Поглаварот Реџепи е првиот од Македонија кој ја добива оваа престижна награда. Наградата му ја врачи претставник на универзитетот од Флорида за неговите заложби за градење мир и толеранција.

-Денес нашата обврска како народ, но и како верници треба да биде синхронизирана со американските заложби за зачувување на стабилноста на земјата и за чекорење на Македонија како наша мултиетничка држава напред кон евроатланските интеграции. Тоа е и мој личен стремеж, како теолог и водач на муслиманите во Македонија. Нема поголема награда од онаа да бидеме клучен фактор за нашите деца да растат во мир, благосостојба, меѓусебна почит и толеранција, рече поглаварот на ИВЗ, примајќи ја наградата.