Македонија
9. April 2020 - 14:20

Поглаварот на ИВЗ бара државата да им помогне на верските заедници – се заканува со враќање на верниците во џамиите

Ако владата не ни помогне, ќе ја укинеме забраната за посета на џамиите, ваква закана упати првиот човек на ИВЗ Сулејман Реџепи. Како одговорен го посочи вицепремеирот Бујар Османи, на кој претходно му се обратил за помош. Но одговор, не добил.

Ќе пуштиме уште едно барање и ако не ни одговорат знаеме како да постапиме. Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата. Ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе стане Бангладеш.

Но министерот за здравство Венко Филипче е дециден. Мерките мора да се почитуваат.

Дека  нема компромис кога се во прашање животите на граѓаните, реагираа и од владејчата СДСМ.

Сите имаат обрска најригорозно да ги почитуваат мерките на институциите, за здравјето на луѓето, се работи, вирусиот, не бира ни по вера ни по националност.

И од ДУИ на Реџепи  му порачаа во ваква ситуација да покаже трпение и солидарност.

ИВЗ и другите верки заедници , заедносо верниците се покажаа општествено одговорни за време на пандемијата, слично како  секад ениз светот, и верувам дека така и ќе  продолжи се додека трае заканата по наѓето здравје. Од сите нас се бара  трпение и солидарност.

По изјавата на Реџепи, на социјалните мрежи се огласи и пратеникот Мухамед Зекири... На поглаварот  му порача  да им помогне на граѓаните, наместо во кризни времиња да бара помош.

Инаку од мпц велат дека  не разговарале за помош од државата, но не ја исклучуваат можноста да побараат помош.

Претходно министерот за здравство, информираше дека за Велигден ќе има целосна забрана за движење, исто како за викенд.