Погба јасен: Или Мурињо ќе си оди или јас
Конфликтот меѓу Пол Погба и Жозе Мурињо, кој ја уништува атмосферата во Манчестер Јунајтед, станува се понепријатен. Според весникот "Сан" , Французинот изјавил дека му е доста од скандали и пред своите блиски истакнал дека ако до јануару Мурињо не биде отпуштен, тој сигурно го напушта „Олд Трафорд“.
Вчера Специјалниот изјави дека не е загрижен за својата функција, но евентуален ултиматум од страна на Погба може да ги промени работите, особено ако резултатите продолжуваат да бидат лоши. Освен тоа Мурињо е во конфликт и со Алексис Санчез, кого го остави надвор од групата за натпреварот со Вест Хем и го предупреди дека нема да игра за Јунајтед, додека не се подобри, што природно го налути Чилеанецот.
Најголемиот конфликт, сепак, останува меѓу тренерот и Погба, кој повторно не е задоволен од тактиката со која тимот влезе на последниот меч во саботата и смета дека работите нема како да се подобрат.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите