Фудбал
31. December 2017 - 10:11

Погба ја „украде“ победата на Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Ј. не успеаја да го совладаат Саутемптон во викенд колото во Премиер лигата.
Мечот заврши без голови 0-0 а единствениот погодок што го постигна тимот на Мурињо беше поништен поради офсајд.
Немања Матиќ упати удар во 82. минута и топката одеше во голот. Но преголемата желба на Погба тој да се запише во листата на стрелците беше причина судиите да досудат офсајд и да го поништат голот.
На оваа ситуација реагираат и навивачите на Манчестер Јунајтед кои го напаѓаат Погба со зборовите „Чини 100 милиони а не знае што е офсајд„!