Македонија
7. March 2016 - 14:07

„Поезија посветена на жената и љубовта“ во Битола

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола денеска ја одржа традиционалната манифестација „Поезија посветена на жената и љубовта“.

Ученици читаа  песни од истакнати автори на македонски, италијански, германски, турски, руски и на француски јазик, како Петре М. Андреевски, Ацо Шопов, Чезаре Павезе, Дино Кампана, Хајне Хајнрих Оздемир Инџе... 

По повод 8 Март, од денеска во Библиотеката е отворена тематска изложба на книги од писателки, членки на Друштвото на писателите на Македонија.