Бизнис
25. January 2016 - 12:17

Поевтинување од полноќ - Рекордно намaлување на цените на горивата

 
 
Регулаторната Комсиија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од вечерва по полноќ. Според последната одлука, бензинот и дизелот од полноќ ќе се точат три ипол денари поевтино.
 
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 денари за литар во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.01, и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 39,00 ден/лит.
 
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 27,50 ден/лит.
 
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,467 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 12,857 ден/кг.