Поевтинуваат горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 1.07.2022 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860%, кај дизелот за 1,390%, кај екстра лесното масло за 1,407% и кај мазутот има зголемување е за 0,959%.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг.
Од 5.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 108,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 110,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,201%. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението на РКЕ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот