Бизнис
18. April 2018 - 17:46

Поевтин роаминг во земјите од регионот ќе има, а загубите на операторите ќе ги плаќа државата

Пониски цени за  роаминг и за земјите од Западен Балкан, кои не се членки на Унијата. Ова е една од заложбите на лидерите од регионот, за која се дискутираше на Дигиталниот Самит. На иницијативата на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кои сакаат нивните граѓани да плаќаат помалку  кога зборуваат во регионот и Унијата, се приклучуваат и Албанија и Косово. Падот на цените е  прифатлив и за Европската Комисија. Како би се движело намалување и за колку проценти, ќе се прецизира наредниот месец  во Софија

- Се разбира, основен чекор е двете држави, што сега не се вклучени во спогодбата на четирите земји, тоа да го направат за да може во тој момент Европската комисија да има поголема сила во  преговорите со сите учесници во процесот.  Ние заедно со институците и операторите неколу месеци разговараме и преговараме што ни дозволува на 17 мај во Софија да претставиме конкретен план за намалување на цените за роаминг што и за нас и за сите граѓани од шестте држави е многу важно, изјави еврокомесарката за aglasi Gabriel

Намалување на цените е сложена тема, за која на Унијата и требаа 10 години за да ја реазлириза, вели Габриел, но понсики цени мора да има. Основна цел е граѓаните да плаќаат помалку, а загубите на телекомуникациуските компании, кои треба да се откажат од дел од профитот за да ги намалат цените, ќе се компезираат со посебен фонд,кој би го обезбедила Владата

„ Заедно со министерот за финансии, веќе предвидуваме нови средства постојано давајќи поддршка за дигиталната агенда во Македонија и верувам дека како ќе имаме сè поголеми успеси ќе бидеме повеќе охрабрени да алоцираме во буџетот поголеми средства од досега предвидените“, изјави Заев.

И министерот Манчески очекува драстично намалување на цените за роаминг , заеднички пристап за подобар широкопојасен  интернет, и меѓусебно  признавање на дигиталните сертификати. Според него, Балканот со дигитализацијата  може многу побрзо да се интергира во Унијата, отколку со политиката.