Македонија
7. November 2015 - 9:26

Поетскиот караван на ДПМ во Радовиш

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска и утре продолжува во Радовиш.

Во рамките на традиционалната манифестација „Караманови средби“, во Радовиш ќе настапат 20 истакнати поети на ДПМ од различни генерации. На средбата ќе учествуваат и поети од Турција, Словенија, Србија и Бугарија. Годинашниот циклус на поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата.

Поетите до сега гостуваа во Гевгелија, Крушево, Свети Николе, Куманово, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, Македонски Брод, Демир Хисар, Лазарополе и општина Илинден, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Поетскиот караван на ДПМ ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“, што е составен дел на „Деновите на Блаже Конески“, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.