Македонија
22. August 2016 - 9:52

Поетски избор од Христо Петрески на англиски јазик

По повод Струшките вечери на поезијата, деновиве излезе од печат поетски избор од македонскиот писател Христо Петрски на англиски јазик.

Поетскиот избор е под заеднички наслов „Странци“, според една од песните во изборот и претставува книжевно-ликовно остварување на авторот, бидејќи сите песни се илустрирани со ликовни илустрации од страна на авторот.

Препејувачи на песните од Петрески се Елена Пренџова, Соња Прус, Романа Стојиљковиќ и Мерсиха Исмајлоска.

Издавач на ова џебно библиофилско издание е Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.