Македонија
22. December 2015 - 9:19

Поетска манифестација посветена на Кочо Рацин

Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје денеска ќе се одржи традиционалната поетска манифестација „Денови“ посветена на чествувањето на поетот Кочо Рацин.

Во рамки на манифестацијата ќе биде промовирана и првонаградената  стихозбирка „Постела на тишината“ од Марина Мијаковска, овогодинешниот добитник на наградата „Бели мугри“.

„Постела на тишината“ е петтата стихозбирка на Мијаковска. Составена е од 51 лирска песна поделени во три носечки циклуса - Тишина по рабовите на страниците, Постела на тишината и Кочо Рацин (Во писмото на тишината).