Подрачното основно училиште во Хром почна со работа
Подрачното општинско основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, во општина Ѓорче Петров, денеска и официјално почна со работа. Училиштето во изминатите 14 месеци беше целосно реконструирано, доградено, опремено и оспособено во него да се одвива настава за учениците од прво до петто одделение.
На првиот училишен час присуствуваа градоначалникот Сокол Митровски, преставници од општината и Советот на општината Ѓорче Петров кои ги поздравија учениците и им посака успешна училишна година во новите простории на училиштето.
Новото училиште, како што истакна градоначалникот Митровски, ќе им овозможи многу подобри услови за настава на учениците, а потребата да се изгради, како што рече, беше неминовна за жителите на населбата Хром.
- Изградбата на училиштето е резултат на напорната, посветена и континуирана работа на Министерството за образование и наука и општина Ѓорче Петров. Новиот објект на подрачното училиште во Хром е комплетно завршен и опремен, порача градоначалникот Митровски.
Ново на Сител
-
Обвинувања за криминал со превозот на ученици во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема полициска акција - Приведени 23 лица поврзани со криминали во РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и Неготино
-
Мицкоски: Уште многу криминали ќе бидат обелоденети во следниот период
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски