Живот
7. јуни 2017 - 21:08

Подобро да умрев: И оваа девојка кобниот ден била во автомобилот со Дражен Петровиќ

Едебал ја преживеала трагичната несреќа поради која и останале трајни последици. Се прашував зошто се тоа, а повеќе пати посакала таа да загинела место Дражен.

Хилал Едебал била третата патничка во црвениот Голф, кој се заби во камион на автопат во Германија во јуни 1993 година. Тогаш 23 годишната талентирана кошарка беше другата сопатничка на Дражен Петровиќ, покрај Клара Шаланти, тогашната девојка на 28 годишниот хрватски кошаркар, која управувала со возилото.

Ниту таа самата не знаела дека била во автомобилот со можеби најдобриот европски кошаркар во историјата. Сударот и оставил трајни последици на мозокот, предизвикувајќи амнезија поради која има големи дупки во сеќавањето, нервни удари и проблеми во однесувањето.

-Зошто Петровиќ, човек со таков статус и богатство, морал да патува од Германија во Загреб баш со автомобил, а не авион? Зошто баш јас морав тогаш да бидам во Германија, се некои од прашањата кои со години ја мачеле сега 47 годишната жена.

-На крајот, дали Дражен помина подобро од мене? Би било ли подобро да не преживеев?

Пробала да се фрли од прозор

Хилал тргнала на терапии, долго време поминувала на лечење.

-Ми беше доста тешко. Долго време бев на терапии. Во потполност го загубив памтењето. Не препознавав ништо во Минхен, градот во кој израснав. Како и да отидев, родителите мораа да ме враќаат назад.

Колку и било тешко покажува и обидот за самоубиство. Нејзините родители доживеале доста потресна ситуација кога Едебал пробала да се убие. Сакала до скокне од 17 кат во текот на рехабилиталицата.

-Не планирав да скокнам за да се убија. Сакав да се разбудам од сонот. Мислев дека кога ќе скокнам, ќе престанам да ја сонувам оваа ноќна мора.

Возеше пребрзо и се заби во камион

Едебал во таа 1993 година патувала со својата пријателка Клара, прифаќајки да и направи услуга. Клара сакала друштво на автопатот од Минхен до Франкфурт, каде заедно го земале Петровиќ на аеродромот.

Таму допатувала хрватската репрезентација од Полска, каде играла квалификации за Европското првенство истата година. Наместо со остатокот од тимот да седне во авионот за Загреб, Петровиќ носен од желбата да ја види својата девојка, одлучил да патува со автомобил.

Околу 17:20 часот црвениот Голф со полна брзина се забил во камион-цистерна, кој бил на сред патот. Според полицискиот извешта, возачот на камионот излегол од возилото сигнализиријаќки им на другите возила да успорат трчајќи им за помош. Но, за црвениот Голф било прекасно.

Клара пробала со вртење да избегне неизбежното, со што Дражен на совозачката страна од автомобилот го остава целиот ранлив на ударот кој следи. Факт е дека возела пребрзо, многу над дозволеното.

Дражен, кој спиел неврзан, излетал низ предното стакло и со главата удрил во цистерната, загинувајќи на лице место. Едебал, 188 сантиметри високота спортискта, која исто така не била врзана удрила со глава и телото во седиштето.

-Родилетите секојдневно доаѓаа да ме посетуваат, иако за тоа им требаше два часа возење. Докторите стално им говореле дека би можела да преживеам. Никогаш не им рекле дека ќе преживеам.

До ден-денес ниту збор од Клара

-Секако дека немала намера да го убие Дражен, но дефинитивно возеше пребрзо. И ми го упропасти животот, кажа Хилал

Во целиот случај и понатаму останува нераскажана приказната на Клара Шаланти, која одбива секакво барање за разговор на болната тема. Се омажи за Оливер Бироф во 2001 година, откако ја завршила својата кошарска и кариерата како модел.

Според извештајот на „Süddeutsche Zeitung“ од 1996 година, Клара после несреќата поминала една недела на интензивна нега. Единствена трага од несреќата и е мала лузна над левиот очен капак. Набрзо по несреќата повторно возела без проблеми, се вратила на работата како фотомодел во САД, па ја продолжила кошаркарската кариера во Германија.