Џет-Сет
6. October 2017 - 13:43

Подобро да каже како крадеше паштета и како го тепаа а не дека јас сум ку*ва, Гоца Тржан одговори на поранешниот сопруг

Пејачката Гоца Тржан и Иван Маринковиќ пред извесно време ставија крај на својот брак. Очигледно дека не останале во добри односи, бидејќи Иван Маринковиќ во моментов учесник во Парови, не престанува да изнесува детали во јавноста за заедничкиот живот со пејачката.

Неодамна тој ја обвинил пејачката за прељуба и открил како ја затекнал во кревет со љубовник, како и тоа дека му е должна 20.000 евра. По повод овие јавни обвинување и Гоца се решила да открие некои детали од животот, а во тоа ни најмалку не била блага.

- Подобро да каже како крадеше паштета, за тепањето кое го доби и пресудата а не дека јас сум ку*ва, тоа го кажа веќе милион пати. Лена не го видела една година, тој не беше во состојба да го види своето дете. Тоа е се што можам да кажам за тоа каков татко е тој. Затоа нека ме остави на мира мене и моето семејство. Се борев да го хранам и чувам моето дете, не ми помогна ниту во бракот ниту сега. Траба да молчи а не да зборува, но на куче му останува само да лае.

- Би било подобро моето име да да го извади од уста. Ајде малку народот да слушне кој е Иван Маринковиќ? Човек кој никогаш ништо не направил во својот живот освен што по цели дени поминуваше во обложувалници, крадеше паштета, и беше тепан на улица. Подобро нека зборува за тоа. Две години се нема појавено на суд. Пред неколку дена од Парови го однесоа на судење поради неплаќање на алиментација за детето, шест години ниту денар нема дадено за Лена. Две правосилни пресуди имам со кои можам да го затворам, но не сакам да паѓам на негово ниво. Затоа му е попаметно да ја затвори устата - изјавила Гоца и додала:

Се што му се случило во животот сум јас. Цело мое семејство нема ништо со тој човек. Се што имаше да каже имаме слушнато милион пати. И тоа дека сум ку*ва. Ако мисли дека сум, нека ме тужи. Не е татко оној кој ќе те направи, туку оној кој се грижи за тебе. Оној кој знае која ти е омилена боја и кој број на обувки носиш, а Иван тоа ни сега не го знае. Лена не го гледа реалното шоу - изјавила Гоца и додала дека нејзиниот сегашен сопруг Рашо повеќе се грижи за нејзе и Лена.

Погледнете на снимката што Гоца Тржан и Рашо рекле за телеграф.рс.